По повод 21 Март – Денот на екологијата и пролетта, во нашето училиште, освен во предавањата и работилниците со еколошки теми соодветно прилагодени на возраста на учениците, сите ученици беа активно вклучени во еколошката акција за естетско и хортикултурно уредување на училишниот двор. За успешноста на акцијата заслужни се сите ученици, вработените во училиштето и Јавното комунално претпријатие на Општина Чучер Сандево кое ни обезбеди зимзелени садници и алат за работа.