ВОВЕД

 

Мисијата на нашето училиште е да го поттикнуваме и обезбедуваме индивидуалниот развој на учениците и наставниците, да ја развиваме свеста за правата и одговорностите, да го негуваме меѓусебното разбирање и почитување, да работиме според повисоки стандарди. Нашето училиште е модерно, современо училиште кое овозможува квалитетен програм што може да одговори на современите потреби и да ги следи научно-технолошките достигнувања. Училиште во кое тимски се работи, развива одговорност, поттикнува креативност и овозможува сестран развој на личноста на детето. Подржуваме современи методи на учење и користиме информатичко-технолошка комуникација во наставната пракса, оспособувајќи ги учениците за самостојно учење но, и примена на стекнатите знаења во понатамошното школување.

Посебно внимание посветуваме на безбедноста на учениците и добра дисциплина, создавајќи сигурно и пријатно опкружување во кое децата стекнуваат функционални и трајни знаења.

Континуирано вложуваме во професионалниот развој на наставниот кадар , осовременување на наставниот процес и зголемување на постигнувањата на нашите ученици во нивното школување.

Сметајќи го училиштето како центар на воспитно-образовен и културен живот како и клучно место за формирање на одговорни, демократски и сестрани личности, соработуваме со образовно-научни и културни институции, со другите околни училишта како и со локалната заедница.

Како битен сегмент ни е соработката со родителите, со кои како  добри соработници  заеднички  работиме во разрешувањето на потешкотиите и збогатувањето на училишниот живот.

Општинско основно училиште„Александар Урдаревски“ е рурално училиште кое  се наоѓа под падините на Скопска Црна Гора, северно од Скопје,во општина Чучер-Сандево.Според реонализацијата  во основното училиште се опфатени ученици од селата: Сандево, Мирковци, Чучер, Бањани, Горњани, Глуво, Бразда.

Наставата во основното училиште се изведува на македонски јазик.

 


 

МИСИЈА

„ „МИСИЈАТА НА НАШЕТО УЧИЛИШТЕ Е  ПРИМЕНА НА НАЈСОВРЕМЕНИ  СРЕДСТВА  И МЕТОДИ ЗА СОВРЕМЕНА НАСТАВА, СТЕКНУВАЊЕ  НА ПРИМЕНЛИВИ  ЗНАЕЊА, ПРОМОВИРАЊЕ ЕДНАКВОСТ, РАЗНОВИДНОСТ, ПОЧИТ, ТИМСКА РАБОТА ВО СAMИОТ КОЛЕКТИВ И ПОМЕЃУ НАШИТЕ ДЕЦА-УЧЕНИЦИ, АКТИВНО ИНКЛУЗИВНО ОБРАЗОВАНИЕ, РАЗВИВАЊЕ НА ЕКОЛОШКАТА СВЕСТ И ГРИЖА ЗА ОКОЛИНАТА”.

 

ВИЗИЈА

 

„МОДЕРНО, СОВРЕМЕНО, ИНКЛУЗИВНО И ЕФЕКТИВНО УЧИЛИШТЕ, ВО КОЕ УЧЕНИЦИТЕ ЌЕ СТЕКНУВААТ КВАЛИТЕТНИ И ТРАЈНИ ЗНАЕЊА, КОИ ЌЕ ГИ ПРИМЕНУВААТ ВО ПОНАТАМОШНОТО ШКОЛУВАЊЕ И ЌЕ ПРИДОНЕСАТ ЗА НИВНИОТ ЛИЧЕН РАЗВОЈ.’’’

Нашето мото е:

„ ХРАБРО ДА ЧЕКОРИМЕ ПО ПАТОТ НА УСПЕХОТ”