На ден 24.02.2026 год. нашите ученици Ангела Поповска, Јана Балшиќевска, Ива Шаговска и Андреј Чакалиќ земаа учество на квизотека на ниво на град Скопје, организирана од Младинскиот културен центар Карпош.
Тие го освоија

ПРВОТО место

и продолжуваат понатаму во следниот круг.

Ученици кои земаа учество на денешната квизотека се учениците од :

ООУ Петар Поп Арсов

ООУ Свети Кирил и Методиј

ООУ Александар Урдаревски

ООУ Мирче Ацев

Квизотеката претставува едукативно-забавен настан наменет за деца и млади, со цел поттикнување на знаењето, логичкото размислување и тимската работа.

Настанот се одржува во пријатна и динамична атмосфера, каде учениците се натпреваруваат во тимови и одговараат на прашања од различни области како општа култура, историја, географија, наука, спорт, уметност и современи теми. Прашањата се прилагодени на возраста на учениците, а квизот е осмислен така што покрај натпреварувачкиот дух, се негува и дружењето и меѓусебната соработка.

Целта на квизотеката е да се поттикне љубопитноста, креативноста и желбата за учење кај младите, како и да се создаде простор за квалитетно и корисно поминување на слободното време.

Настанот претставува одлична можност за дружење, размена на знаења и позитивно натпреварување во инспиративна средина.