Работилници со MRK Dialogue / МРК Дијалог Скопје.

На ден 26.01.2026 годд. во соработка со Центарот за истражување на природата и културата Nature Expedition и здружение МРК Дијалог Скопје, поврзано со проект кој е поддржан од Амбасадата на Словачка и Slovak AID, во нашето училиште се реализираа две работилници.
📌Во првата активност учениците проследија краток документарен филм за кучето Караман, автохтон вид на македонското овчарско куче.
Преку видеото се запознаа со неговото потекло, улога во чувањето на стадата и значењето што го има во македонската традиција.
🐕📌 Караман не е само куче – тој е чувар, пријател и симбол на истрајност и верност.
✅️ Целта на ваквите содржини придонесува учениците да ја запознаат и почитуваат природната и културната вредност на нашето поднебје.
📌🌿 Втората работилница која се реализираше беше во врска со користењето на лековити и ароматични растенија и подготовка на чаеви, масла и тинктури и нивно брендирање.
Билкарството на Скопска Црна Гора претставува значаен дел од народната традиција и нематеријалното културно наследство на овој крај. Планинскиот предел, чистиот воздух и разновидната флора создале услови луѓето со векови да собираат и користат лековити билки за превенција и лекување. Во народната медицина на овој регион биле познати и користени:
кантарион, камилица, нане, липа, мајчина душица, коприва, жалфија, бозел и др.
✅️ Целта на оваа работилница со билки беше учениците да се запознаат со лековитите растенија од нашето подрачје, нивното значење во народната традиција и правилната употреба во секојдневниот живот. Преку практична и едукативна работа се поттикнува љубов кон природата, зачувување на традиционалното знаење и развивање свест за здрав начин на живот.