Натпревар во областа географија „Ноември – месец на науката“

Со голема чест и задоволство објавуваме дека на ден 22.11.2025 год. нашите ученици Јана Балшиќевска и Андреј Чакалиќ од IX-A одделение под менторство на наставничката по географија Благица Гогова, освоија две 3 места во областа географија на натпреварот „Ноември – месец на науката“ организиран од Природно-математичкиот факултет во Скопје! 🌍🎉
Нивната упорност, знаење, љубопитност и посветеност ја донесоа оваа победа, а ние сме исклучително горди што токму тие го претставуваа нашето училиште.
👏Големи честитки за Јана и Андреј – вие сте доказ дека трудот и љубовта кон науката секогаш водат кон успех!
📚 Особена благодарност до наставникот по ликовно образование Стефан Нешковиќ, директорката Сузе Велковска Радевска како и наставничкиот колектив од предметна настава, кои ги поддржаа на овој пат.
Овој успех е доказ дека кога има вистински тим – ученици, наставници и поддршка – резултатите се неминовни.
💪Продолжуваме уште посилно да создаваме успешни приказни и да ја негуваме љубовта кон знаењето. 🌟📚
НоемвриМесецНаНауката