🌍✨ ООУ „Александар Урдаревски“ – домаќин на Erasmus+ проектот „Together We Can“ ✨🌍

Со голема радост ја споделуваме веста дека нашето училиште ќе биде домаќин на меѓународниот Erasmus+ проект „Together We Can“, кој ќе се реализира во периодот од 30.03.2026 до 04.04.2026, во соработка со училишта партнери од европски земји.

🎯 Проектот е посветен на градење соработка, инклузија, емпатија и активно граѓанство, а централната тема „My Inner World“ ги охрабрува учениците да го истражуваат својот внатрешен свет, да ги развиваат емоционалните и социјалните вештини и да градат позитивни меѓучовечки односи.

👩‍🏫👨‍👩‍👧‍👦 Во активностите активно ќе учествуваат ученици, наставници и родители, со заедничка цел да го претставиме нашето училиште како средина со позитивна, поддржувачка и инклузивна училишна клима, отворена кон европските вредности и интеркултурна соработка.

🤝 Овој проект претставува можност за размена на искуства, нови пријателства и збогатување на образовниот процес преку неформално учење.

✨ Together We Can – затоа што заедно учиме, растеме и создаваме вредности што нè поврзуваат.