Стани дел од тимот домаќини! Еразмус+ Проект: „Together We Can“

 Стани дел од тимот домаќини!

Еразмус+ Проект: „Together We Can“ – ООУ „Александар Урдаревски“

По успешната мобилност во Романија, сега е наш ред да ги отвориме вратите! Со големо задоволство најавуваме дека од 30 март до 3 април, нашето училиште ќе биде домаќин на пријателите од Словенија, Турција и Романија.

Ова е твојата шанса да стекнеш нови пријателства, да го вежбаш англискиот јазик и да ја покажеш нашата позната македонска гостопримливост!

 Кој може да се пријави?

Бараме мотивирани ученици кои сакаат да бидат дел од организацијата и активностите. Условите се:

  • Активен ученик во ООУ „Александар Урдаревски“ (од VI до IX одделение).
  • Комуникативност и отвореност за запознавање нови култури.
  • Солидно познавање на англиски јазик (за лесна дружба со гостите).
  • Одговорно поведение и желба за тимска работа.
  • Подготвеност за учество во работилници и презентирање на нашето училиште.

📝 Твојата задача како домаќин:

Како дел од Еразмус+ тимот, ќе имаш можност да:

  1. Бидеш „buddy“ (пријател-водич) на врсниците од странство.
  2. Учествуваш во сите креативни работилници и заеднички активности.
  3. Ја претставиш нашата традиција, храна и обичаи.

Како да аплицираш?

Заинтересираните ученици треба да поднесат мотивациско писмо (зошто сакаш да бидеш домаќин?) и согласност од родител до Еразмус+ тимот на училиштето.

  • Краен рок за пријавување: [O6.03.2026г].
  • Локација: Апликациите се доставуваат кај координаторот Весна Вучковска.
  • vesnevuckovska@gmail.com

„Together We Can“ – Да покажеме дека сме најдобри домаќини!

 

превземи пријава за учество тука

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО