Реализирана дисеминација од проектот „Together We Can“ Erasmus+ | Проект бр. 2025-1-RO01-KA210-SCH-00035019 Во рамки на Erasmus+ проектот „Together We Can“ (2025-1-RO01-KA210-SCH-00035019), во нашето училиште се одржа дисеминација од реализираната мобилност во
Romania. Координатор на проектот, Весна Вучковска, пред наставниот кадар ги презентираше: целите и резултатите од мобилноста организацијата и работата на партнер-училиштето применетите иновативни методи дигиталните алатки користени во наставата можностите за примена на стекнатите знаења во нашата образовна практика Дисеминацијата придонесе за зголемена информираност за програмата Erasmus+, поттикнување на професионалниот развој на наставниците и јакнење на европската соработка. Нашето училиште продолжува активно да работи на унапредување на квалитетот на наставата преку меѓународни партнерства и проектни активности, со јасна визија за современо и европски ориентирано образование.




