На ден 26.01.2026 годд. во соработка со Центарот за истражување на природата и културата Nature Expedition и здружение МРК Дијалог Скопје, поврзано со проект кој е поддржан од Амбасадата на Словачка и Slovak AID, во нашето училиште се реализираа две работилници.

Во првата активност учениците проследија краток документарен филм за кучето Караман, автохтон вид на македонското овчарско куче.
Преку видеото се запознаа со неговото потекло, улога во чувањето на стадата и значењето што го има во македонската традиција.


Караман не е само куче – тој е чувар, пријател и симбол на истрајност и верност.

Целта на ваквите содржини придонесува учениците да ја запознаат и почитуваат природната и културната вредност на нашето поднебје.


Втората работилница која се реализираше беше во врска со користењето на лековити и ароматични растенија и подготовка на чаеви, масла и тинктури и нивно брендирање.
Билкарството на Скопска Црна Гора претставува значаен дел од народната традиција и нематеријалното културно наследство на овој крај. Планинскиот предел, чистиот воздух и разновидната флора создале услови луѓето со векови да собираат и користат лековити билки за превенција и лекување. Во народната медицина на овој регион биле познати и користени:
кантарион, камилица, нане, липа, мајчина душица, коприва, жалфија, бозел и др.

Целта на оваа работилница со билки беше учениците да се запознаат со лековитите растенија од нашето подрачје, нивното значење во народната традиција и правилната употреба во секојдневниот живот. Преку практична и едукативна работа се поттикнува љубов кон природата, зачувување на традиционалното знаење и развивање свест за здрав начин на живот.