Прием на првачињата во Детската организација! 
Денес во нашето училиште свечено ги примивме најмалите членови – нашите првачиња – во Детската организација. 
Учениците од трето одделение им упатија топли пораки и честитки на своите помали другарчиња, а учениците од четврто одделение ја изведоа прекрасната драматизација „Пчелите и иднината“, со која ни порачаа колку се важни трудот, заедништвото и љубовта кон природата. 

Нашите најмали, првачињата, со големи насмевки ја изрецитираа песната „Ветување“, ветувајќи дека ќе бидат добри, вредни и другарливи ученици. 
Честитки за нашите најмлади членови! 
Им посакуваме многу успех, насмевки и убави моменти во нашето големо училишно семејство 
























