Во рамките на програмата „Еко училиште“ и оваа година традиционално учениците од нашето училиште се вклучија во одбележување на 21 Март – денот на пролетта и екологијата. За таа цел, учениците од 8 и 9 одделение преку изготвување на еко пораки и презентација за екологијата го одбележаа овој ден. Учениците работеа под менторство на Благица Гогова – наставник по географија. Целта на оваа активност е подигнување на еколошката свест и култура кај нашите ученици, како и придонесување за почиста околина и поздрава средина.