Општински натпревар по математика за основно образование

Општински натпревар по математика за основно образование
✒️Во петокот, на 30.1.2026 година, се одржа Општинскиот натпревар по математика, на кој нашето училиште го претставуваа 11 ученици од V до IX одделение.
💫 Ученичката Анѓела Спирова од V одделение освои трета награда, а Бисера Грујовска од VII-б одд. пофалница.
👏 Им благодариме на сите ученици-учесници за достоинственото претставување и им честитаме на оние кои освоија награди и пласман за понатамошно натпреварување.
👏 Голема благодарност и до наставниците- ментори, кои со посветеност и поддршка ги водеа учениците.
На сите ученици им посакуваме уште многу успеси во иднина!