ОГЛАС ЗА ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТ за прва мобилност во Романија

ОГЛАС ЗА ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТ ООУ „Александар Урдаревски“ Со големо задоволство ве информираме за започнувањето на нашиот Еразмус+ проект „Together We Can“! Првата мобилност ќе се реализира во Романија, во периодот 10 – 14 ноември 2025 година, со учество на партнерски училишта од Словенија, Турција и Македонија. ✅ Услови за пријавување: Да биде ученик во ООУ „Александар Урдаревски“ (VI–IX одделение). 👉 Предност имаат учениците од IX одделение (завршна година). Солидни резултати во учењето и примерно поведение. Познавање на англиски јазик (комуникациско ниво). Интерес за меѓукултурна размена, тимска работа и инклузија. Мотивација за претставување на нашето училиште и нашата земја во странство. Да не биле учесници во последниот проект. 📝 Потребни документи за пријавување: Апликација (мотивациско писмо). Согласност од родител. 📅 Краен рок за аплицирање: 06.10.2025 година на aurdarevski10@yahoo.com ℹ️ За повеќе информации, обратете се кај координаторот на проектот Весна Вучковска во училиштето. 🌍 Together We Can! 🌍 Д И Р Е К Т О Р м-р Сузе В. Радевска