Со голема чест и задоволство објавуваме дека на ден 22.11.2025 год. нашите ученици Јана Балшиќевска и Андреј Чакалиќ од IX-A одделение под менторство на наставничката по географија Благица Гогова, освоија две 3 места во областа географија на натпреварот „Ноември – месец на науката“ организиран од Природно-математичкиот факултет во Скопје! 

Нивната упорност, знаење, љубопитност и посветеност ја донесоа оваа победа, а ние сме исклучително горди што токму тие го претставуваа нашето училиште.
Овој успех е доказ дека кога има вистински тим – ученици, наставници и поддршка – резултатите се неминовни.
НоемвриМесецНаНауката







