МИО активности 19.11.2025

МИО активности меѓу нашето училиште и ОOУ „Михаљ Грамено“ во село Блаце – Соработуваме и твориме преку уметноста и науката🌍
Во рамки на МИО активностите, заедно со учениците од партнерското училиште „Михаљ Грамено“, во просториите на нивното училиште реализиравме две креативни работилници.
Првата работилница со учениците од 7 одделение беше посветена на изработка на макета на релјеф. 🗺️✨
👧👦 Учениците со голем интерес, труд и тимски дух учеа како се претставува релјефот – планини, ридови, долини и речни долини – преку практична и визуелна изработка. Географијата ја претворивме во вистинска мала авантура која поттикнува истражување, логика и креативност.
🎨 Активноста им помогна на учениците да:
– го разберат поимот релјеф преку практична примена
– развијат креативност и чувство за простор
– соработуваат и се поддржуваат еден со друг
– увидат дека учењето може да биде и забавно и корисно
👧👦 Втората работилница се реализираше со учениците од 6 одделение – Изработка на декоративни кутии со примена на оригами и својства на 3Д форми.
✅️ Цел на работилницата:
Учениците да стекнат практични вештини за изработка на декоративни кутии преку техниката оригами, при што ќе ги применуваат и поврзуваат знаењата за својствата на 3Д формите (како што се страните, рабовите и аглите). Преку активната изработка, учениците ќе развиваат креативност, просторна претстава, фина моторика и способност за следење на чекор-по-чекор упатства.
✅️ Благодарност до наставниците Николина Ѓорчевска, Благица Гогова и Стефан Нешковиќ за нивната посветеност, креативни идеи и целокупната поддршка во реализацијата на активноста.🌎