Креативна работилница „Касни порасни“ со учениците од II одделение! 
Во нашето училиште денес се реализираше креативна и едукативна работилница, водена од училишниот библиотекар, со цел лектирното дело „Касни порасни“ од Петре М. Андреевски да се обработи на поинаков и поинтересен начин за учениците.
Преку разговор, дискусија и разни активности, второодделенците ја сфатија главната порака од делото – дека секое дете расте со свое темпо, дека не треба да брза, и дека најважно е да се ужива во детството, играта и учењето.
Библиотекар : Маја Тапарчевиќ






