![]()
TOGETHER, WE CAN! Во периодот од 10–14.11.2025 година, во рамки на Еразмус+ мобилноста во Романија, нашиот тим од ООУ „Александар Урдаревски“ учествуваше во активности посветени на промовирање на толеранцијата и спречување на булингот во училишната средина.
Проектот „TOGETHER, WE CAN!“ продолжи со сесии и работилници фокусирани на:
развивање емпатија кај учениците
препознавање и спречување на булинг
градење безбедна и инклузивна училишна клима
јакнење на соработката меѓу училиштата партнери Преку интерактивни работилници, тимска работа, размена на искуства и примери на добра практика, учениците и наставниците работеа заедно на создавање средина во која секој ученик се чувствува прифатен, почитуван и безбеден.
Веруваме дека преку соработка, разбирање и заедничка акција можеме да изградиме училиште без дискриминација и насилство.
Заедно можеме повеќе. Together, we can!












